128
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска подели новогодишни пакетчиња на дечињата од Посебното основно училиште „Иднина“ и на болните деца во Универзитетската клиника за детски болести, оддел Онкологија.

– Сите ние, патешествието наречено живот сме го започнале со желби и сништа, некои ни се оствариле, некои чекаме да се остварат, некои можеби нема, меѓутоа на сите вас, ви пожелувам вашиот животен пат да биде преполн прекрасни изненадувања проследени со добро здравје, прекрасни насмевки и топли прегратки, Вие тоа го заслужувате! Ви посакувам среќна Нова година, рече Џафери.