Во рок од три дена, спикерот Талат Џафери треба да ја разгледа и да ја провери интерпелацијата што по вторпат му ја праќа ВМРО-ДПМНЕ. Џафери потоа треба да процени дали интерпелацијата е во согласност со Уставот и Деловникот, и потоа да донесе одлука дали ќе ја стави во собрниска процедура, односно ќе ја достави до пратениците, или, пак, пвоторно ќе ја врати, доколку е поднесена на ист начин како претходниот, велат собраниски извори за „Локално“.
Интерпелацијта е доставена со називот „До претседателот на С. Македонија“. Нашите извори велат дека спикерот Џафери, смета дека тоа е спротивно на Уставот и затоа еднаш веќе и ја вратил на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за да ја усогласат со Уставот и Деловникот.
Посочуваат дека на неа треба да стои „До претседателот на Собранието на Република Северна Македонија“.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери откако на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ официјално се обрати на албански јазик што е спротивно на Уставот на државата. Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на државата во меѓународната комуникација.
Б.Т.