Да воспоставиме систем на вредност, дека секој еден од нашите младите може да ги исполни своите сништа и очекувања. Општество во кое ќе се чувствуваме рамноправни, еднакви пред законот и правдата. Верувам дека во секој од нас има сила, волја, решителност и визија за тоа каде сакаме да ја видиме Република Северна Македонија. Имаме една заедничка држава во аманет и сите сме одговорни за неа, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери на приемот во Собранието по повод 8 Септември – Денот на независноста – Кристална сала.
Џафери рече дека Уставот е водилка кој го води патот по кој ќе се движиме за да го обезбедиме напредокот, развојот и безбедноста на државата.
-Во него се утврдени стратешките цели кои се од суштинска важност околу кој секогаш сме се обединувале и искрено верувам така ќе биде и овој пат. Процесот на евроинтеграција нема алтернатива. тоа е последен чекор, атоа што враќање назад нема, рече меѓу другото Џафери и додаде:
-Само така ќе живее сонот на нашите претци. Ова е голем празничен ден и дозволете да се радуваме и да прославиме заедно. Нека е вечна Република Северна Македонија и нека е честит Денот на независноста.