Лидерот на политичката партија Левица Димитар Апасиев, изјави дека враќањето на нивната иницијатива за референдум од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери е само купување време, но дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат.
Тој смета дека правното толкување на Џафери е неиздржано бидејќи заклучокот бил став, а не бил акт и според тоа прашањето не било соодветно поставено.
Апасиев го повтори ставот дека доколу Џафери ја отфрли иницијативата откако ќе ја коригираат ќе почнат со целосна блокада на Собранието.
„ И за ова одбивање ќе добие и соодветен поднесок од мене против него лично бидејќи како физичко лице ги објавил моите лични податоци што исто така е кривично дело“,најави вчера Апасиев во вестите на Сител.
Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”.