Џафери: Кога ќе одлучам тогаш ќе ја свикам седницата

од Nikola Popovski
218 прегледи

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, на прашањето кога ќе има продолжение на конститутивната седница, за ТВ 21 изјавил дека не знае кога ќе ја закаже седницата.

„Врз основа на моите надлежности, кога ќе одлучам тогаш ќе ја свикам. Јас засега немам никакви планови“, соопштил Џафери.

Одговорот следува откако поранешниот спикер на Собранието ја одложи  конститутивна седница, објавувајќи на својот Фејсбук профил објави дека добил внук.

Претходно Џафери кажа дека им дал насоки на собраниските служби за денеска да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом. Тој рече дека, штом претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство.