Во текот на вчерашната седница во Собранието, се создаде тензија во салата.
Имено, пратеници обвинија дека го чекале претседателот на Собранието, Талат Џафери повеќе од час и половина.
Пратеникот од политичката парија Левица, Борислав Крмов побара од собранискиот спикер да му каже до кога ќе работат.
„Имаме фамилии дома. Секој од нас си го испланирал денот, утрешниот ден. Има луѓе кои треба да патуваат 100, 200 километри“, рече Крмов кај 22.30 часот.
На ова Џафери одговори:„Јас да не немам фамилија? Цветанка Иванова е без фамилија?, па седиме тука од 8 часот. Кога се кандидиравте за пратеници требаше да им кажете на гласачите дека имате фамилии. Затоа, ќе работиме тука, додека има желба за говор. А желба гледам има. Пријавени за збор се 26 пратеници. Јас ќе ве чекам да зборите. А за враќање, пратеници сте. Кој со автобус, кој со тротинет, кој со кола.., кој нема, може да си преспие во хотел”.
Џафери по 23 часот ги праша пратениците дали сакаат да продолжат со седницата или да остават за утре иако самиот кажа дека тој е да продолжат, реши да ја прекине седницата.