363
Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до граѓаните, припадници на исламската вероисповед, по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
-Имам чест во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот муслимански празник, Курбан Бајрам, празникот на солидарноста, добродетелството, на чистите срца и мисли. Овој празник, како и сите други празници воопшто, се денови кои создаваат едно поинакво чувство кај луѓето, поттикнуваат искрени насмевки и радост и топлина во срцето, се вели во честитката од Џафери по повод Курбан Бајрам.