Џафери: Локални избори на 17-ти октомври, ќе бидат распишани на 6-ти август

од Nikola Popovski
244 прегледи

Собранискиот спикер Талар Џафери денес потврди дека датумот за одржување на локалните избори е 17 октомври.

-Изборите ќе се распишат на 6-ти август. Одлуката не се должи на меѓупартиски договор, туку врз основа на законите, бидејќи токму во тој период им истекува мандатот на актуелните градоначалници, информира Џафери.

Според него, со ова се обезбедуваат законските обврски за обезбедување на термин со кој градоначалниците нема да го надминат законски утврдениот мандат од 4 години.

Слични содржини