Џафери: Нема правен основ пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да формираат пратенички групи

од Берта Китинска
174 прегледи

Нема правен основ пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да формираат повеќе пратенички групи, објасни денеска собранискиот спикер Талат Џафери откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека сериозно размислува да се формираат неколку пратенички групи и партијата така да настапува во Собранието, наместо со една пратеничка група составена од 44 пратеници.

„Не постои деловничка можност“, рече Џафери.

На забелешката дека секоја партија кога е во опозиција ги користи сите механизми за политичко дејствување, Џафери рече: „Не знам, јас никогаш не сум бил во опозиција“.

Слични содржини