Џафери: Немам намера да навлегувам во „гостилницата“ на Мицкоски

од Берта Китинска
246 прегледи

Спикерот на парламентот, Талат Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 не сакаше да дискутира за обвинувањата од страна на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој на конференција за новинарите го обвини дека Собранието го претворил како своја „гостилница“.

Обвинувањето се должеше на обидот за разрешување на пратеникот на БЕСА Фадил Зендели од Комисијата за избори и именувања.

Џафери рече дека Мицкоски не се обратил институционално туку го персонализирал ова прашање и тој нема намера да го направи истото, односно да се бави со таа изјава.
„Сите претставки треба да дојдат по институционален пат до мене, преку протоколот на парламентот“, додаде тој.

Слични содржини