Иднината на сите нас е во ЕУ, регионот нема друга иднина, изјавил претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето обраќање на Самитот на Претседатели на Парламенти: Европски Парламент – Западен Балкан кој што се одржа во Брисел.
Тој додал дека неговите обраќања на темите Зајакнување на парламентарната соработка во процесот на проширување и Фундаменталната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во пост-КОВИД ерата меѓу другото истакнал дека историјата не смее да ја проголта иднината, затоа што наша обврска е да обезбедиме развиена економија, работни места, здрава животна средина, иновации за идните генерации.
„Тоа треба да биде една од главните препораки од овој Самит. За жал, наместо преговори, ние заглавивме поради некои билатерални прашања. Договорот со Република Бугарија обезбедува добра рамка за понатамошна соработка и сакаме да го надминеме секое прашање. Би сакал да истакнам дека ваквите работи не треба да влијаат врз отворањето на преговорите за членство“, изјавил Џафери.