Џафери ѝ одговори на Кацарска: Собранието во моментов не може да избере уставни судии

од Берта Китинска
268 прегледи

Од Собранието информираат дека спикерот Талат Џафери, го доби писмото од претседателката на Уставниот Суд, Добрила Кацарска, во врска со проблемите во работењето на Уставниот суд на Република Северна Македонија, но не е во можност да избере судии поради опструираната работа на Комисијата за избори и именувања.

„Собранието, согласно своите уставни надлежности е информирано за истекот на мандатот на уставните судии, односно Собранието, по предлог на Комисијата за избори и именувања избира уставни судии од редот на истакнати правници во Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања (преку изигрување на процедура и примена на методи кои што Претседателот на Собранието ги има елаборирано пред јавноста), предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат зелено светло за истите да бидат разгледани на пленарна седница на Собранието и во моментов Собранието не може да избере Уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд“, информира Собранието.

Слични содржини