Денес делегацијата на Собранието присуствуваше на пленарна седница на Бундестагот, каде што претседателката и пратениците на Бундестагот со аплаузи го поздравија претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, информираа од Собранието.
Од таму додаваат дека прва точка на дневниот ред била изјава на Сојузниот канцелар Олаф Шолц во врска со вонредната седница на Советот на ЕУ на 30 и 31 мај. Во своето обраќање, Шолц ја нагласил потребата од финансиска помош на Украина, потсетувајќи на изгубените животи, домови и уништената инфраструктура во чие опоравување ќе треба да помогнат сите чинители.
-Во говорот, тој се осврна и на Западен Балкан и на заслугите и достигнувањата кои се основа за членство во Унијата за сите аспиранти, се додава во соопштението од Собранието.