Џафери: С. Македонија не е против Србија

од Nikola Popovski
317 прегледи

С. Македонија ќе му даде поддршка на Косово за членство во НАТО, изјави вечерва претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според него, се работи за консензус од сите земји членки.

-Ние секогаш сме давале и ќе даваме поддршка за интеграција на Косово во НАТО а и во евроинтегративните процеси. Земајќи во предвид последните случувања и геостратешките интереси на регионот овие процедури треба да се забрзаат, вели Џафери.

Спикерот појаснува дека државата не е против Србија, ниту како институции, ниту како народ.

-Србија сака и преговара да влезе во ЕУ, Европската Унија има отворен став за руската агресија, а воедно ги воведе и санкциите. Србија не го следеше тој пат затоа треба да бидеме внимателни, се разбира не да ги прекинеме односите, потенцира Џафери.

Слични содржини