Џафери се сретна со грчкиот колега Вуцис

од desk2
84 прегледи

Во рамки на конференцијата на претседатели на парламенти на Европската унија, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери се сретна и со претседателот на Парламентот на Грција, Николаос Вуцис.


Во една неформална и пријателска атмосфера, Џафери и Вуцис разменија мислења околу отпочнувањето на парламентарна соработка меѓу двата Парламента, како на ниво на претседатели, така и на ниво на парламентарни групи за соработка, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.