444
Спикерот Талат Џафери вечерва повторно се врати во Собранието. Во изјава за медиумите, тој информира дека мора да продолжи седницата.
-Ќе ја затвориме и ќе констатираме дека не е изгласана недоверба на Владата. Има процедура, мора да се заврши, рече тој.
На прашањето каде е пратеникот Кастриот Реџепи, Џафери вели дека има надлежни институции кои што треба да знаат.
Во однос на најавите за зголемување на парламентарното мнозинство од страна на СДСМ, спикерот вели дека за тоа треба да се праша во владеачката партија.
-Јас не треба да имам сознанија, јас морам да имам факти, потенцира Џафери.