188
Јас се раководам од процедурите во Собранието. Факт е дека Законот е пристигнат и јас немам право за влијание врз предлогот, рече Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Ако има несогласувања, треба да кажат партиите и предлагачот да ги измени тие делови. Врз основа на тие материјали, јас во рок од еден час сум рекол дека ќе свикам седница, тоа и го сторив, свикана е за во 17 часот”, рече Џафери.
Тој истакна дека предлагачот, односно владата, до почнување на седницата да достават измени.
Џафери пуштил предлог-одлука за распуштање на Собранието и побарал од ДИК да се изјасни кога е оптималниот ден за распуштање на Собранието. Од таму му кажале дека оптималниот рок е 55 дена пред изборите, односно во понеделник.
А.Т.