241
Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека пратениците и тој како спикер знаат што прави Владата во процесот на дијалог и преговори со Бугарија за деблокирање на европскиот пат на Македонија.
-Донесовме Резолуција во Собранието и определивме насоки, препораки и рамки по кои треба да се движи извршната власт во спорот. Според законскиот пропис и надлежностите во меѓународните односи, Владата одлучува, но ние како Собрание стоиме над главата на извршната власт и секако имаме соодветни информаци, во кој правец и за што се разговара со Бугарија, рече Џафери во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.