Во Собранието на Република Македонија денеска претпладне на иницијатива на претседателот Талат Џафери ќе заседава парламентарното претседателство кое треба да разговара како ќе продолжи со работа законодавниот дом, по синоќешната седница која беше прекината, а петиот сет анткризни мерки не беше донесен.
Според информациите од Собранието, малку е веројатно дека ќе биде поддржана идејата на претседателот Џафери за воведување карантин, туку ќе се инсистира уште денеска да бидат донесени законите од петиот сет антикризни мерки, помош што ја очекуваат илјадници граѓани и стопанственици.