Џафери треба да пресече за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум

од Берта Китинска
154 прегледи

Во текот на денот се очекува спикерот на Собранието, Талат Џафери да донесе одлука во врска со уредноста на иницијативата за референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Од кабинет на Џафери велат дека откако ќе ја разгледа согласно деловникот, претседателот на Собранието треба да ја проследи до Законодавно-правната комисија и матичната комисија, а тие треба да се изјаснат за нејзината уредност во рок од два работни дена.

Доколку тој ја прифати тогаш таа ќе треба да се проследи до Законодавно-правната комисија и матичната комисија, а тие треба да се изјаснат за нејзината уредност во рок од два работни дена, согласно член 191 став 2 од Деловникот на Собранието.

Ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е уредна, за тоа го известува овластениот предлагач, во случајот ВМРО-ДПМНЕ, во рок од три дена од добивањето на мислењето од работните тела.

Ако тој утврди дека не е уредна тогаш прашањето во врска со иницијатуивата се става на дневњен ред на првата седница на Собранието, каде Собранието со заклучојк утврдува дали иницијативата е уредна.

Претседателот на Собранието го известува овластениот предлагач за заклучокот на Собранието во рок од три дена.

Ова е предвидено во Деловникот за работа на Собранието.

Слични содржини