Се очекува денеска Талат Џафери да ја разгледа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија.
Доколку тој ја прифати тогаш таа ќе треба да се проследи до Законодавно-правната комисија и матичната комисија, а тие треба да се изјаснат за нејзината уредност во рок од два работни дена, согласно член 191 став 2 од Деловникот на Собранието.
Ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е уредна, за тоа го известува овластениот предлагач, во случајот ВМРО-ДПМНЕ, во рок од три дена од добивањето на мислењето од работните тела.
Ако тој утврди дека не е уредна тогаш прашањето во врска со иницијатуивата се става на дневњен ред на првата седница на Собранието, каде Собранието со заклучојк утврдува дали иницијативата е уредна.
Претседателот на Собранието го известува овластениот предлагач за заклучокот на Собранието во рок од три дена.
Ова е предвидено во Деловникот за работа на Собранието.