Во Украина отидов на покана на претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчук. Во комуникација со Украинската амбасада во Скопје првично беше планирано да се патува од 21 до 24, но поради голем број на делегации беше поместено од 25 до вчера, претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг.
-Патувањето се одвиваше комбинирано со авион до Варшава, до границата со моторни возила и потоа до Киев со специјален воз воспоставен за странски делегации кои ја посетуваат Украиана. Зоната во која што се движевме е надвор од воените дејствија и намерата беше на лице место да се видат последиците од тие дејствија, изјави Џафери.
Тој додаде дека како држава сме приклучени кон сите мерки и обврски кои ги презема Европската Унија како поддршка на Украина. Затоа, како што рече, подготвеноста за поддршка од кој било аспект не е само личен став на претседателот на Собранието, туку е обврска на државата која е членка на НАТО и кандидат за влез во Европската Унија.
– Мислам дека како Собрание треба да размислиме за дефинирање на состојбите во Укриана по однос на злоделата кои што се направени таму. Ќе бидеме во координација со другите чинители во државата за да се иницира резолуција или декларација.