Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска појасни дека подносителот на иницијативата за референдум, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев има двегодишно искуство во Парламентот.
-Се надевам позната му е одредбата од Членот 135 од Деловникот на кој што го упатува. По однос на содржината на прашањето, тоа е само потсетување, не е моја обврска да навлегувам, дека начинот на кој е поставено прашањето во понатамошната постапка може да има проблем во смисла што укажуваат другите институции дека такви прашање не се општ правен акт. Тоа само го потсетувам на укажувањето на другите институции. Во предведениот рок, ќе види во која насока ќе се исполнуваат барањата за хармонизација со членот 135 од Деловникот, рече Џафери околу враќањето на корекција на иницијативата на Левица за референдум.
Тој истакна дека „не е на консултации да дава совети на некој што ќе има можности, што ќе нема можности“.
-Одредбата од член 135 е јасна и прецизна по кој основ треба да се доуреди барањето, одговори Џафери на новинарско прашање.