113
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека засега брои 64 пратеници.
-Парламентарното мнозинство сега засега има 64 пратеници, рече на редовната средба со новинарите претседателот на Парламентот.
Прашан дали некој од пратениците на ДУИ го променил статусот во независен пратеник, Џафери рече дека нема такво известување до него и оти официјалниот статус е „пратеници на ДУИ“.
-Сечие право е да си го искаже својот статус како пратеник и во тоа има слобода. Нема известување. Официјалниот статус е пратеници на Демократската унија на интеграција, рече претседателот на Собранието.