Претседателот на Собранието Талет Џафери во своето гостување во Студио 10 ја искоментира ситуацијата и највените кривични пријави од опозицијата кога во Собранието гласаа позтивни партеници.
-Пратениците кои беа заразени со ковид и дојдоа да гласаат беа спроведени по посебен протокол. Има посебен лифт за гласање и таа патека овозможува да нема никакво контакт впрочем на тој ден беа и инспектори на труд кои дојдоа да видат дали се одвива се според протокол, и во нивниот извештај напишано е дека нема најдено пропусти. Во членот 64 пратеникот за зборување во Собранието не може да одговара кривично тоа е уставно право. Пратениците не заразија никого, знаете имаше ситуација пратеник од болнички кревет да дојде во собрание за да гласа 2008 година, изјави Џафери.
Тој вели дека знае некогаш да ги искара пратениците ако не ги извршат своите функции.
-Знам и да ги карам и да им кажа дека своите функции не ги вршат.Која е смислата да се потпишат 101 пратеник, а во сала се 58 присутни. За што земаат плата само да се потпишат и да седат во канцеларија, вели Џафери.