296
Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
Протоколот на посетата предвидува дека членот на Претседателството на БиХ ќе се сретне со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а по средбата ќе положи цвеќе на спомен обележјето на жртвите од геноцид во Сребреница во Скопје.
За 11 часот е предвидена средба со премиерот на земјава Зоран Заев, а во 12 часот ќе се одржи средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Членот на Претседателството на БиХ, Џаферовиќ, ќе се обрати на свечената академија во Скопје, по повод Денот на Бошњаците, со почеток во 19 часот, објави Претседателството на БиХ.