Џамбаски: Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија, но не треба да биде уценувана

од Nikola Popovski
459 прегледи

„Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Факт што Зоран Заев го заборава кога е во Скопје“,  вака бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, на социјалните мрежи го опиша и сподели официјалниот спот на партијата кој е дел од кампањата за претстојните парламентарни избори во Бугарија.

Според него, Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија, но не треба да биде уценувана!

„Пријателството се гради со доверба и доследност. Вистината не може да се заобиколи, а историјата треба да ја отфрли судбината на секој предавник. Бугарија и патриотите ќе ја продолжат нашата битка за вистината!“, напиша Џамбаски на неговиот официјален Фејсбук профил.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, се сретна со претседателот на Република Бугарија Румен Радев во рамките на агендата на работната посета на оваа наша соседна земја.

На средбата беше истакнато дека посетата на делегацијата на Владата на Република Македонија на Бугарија на највисоко ниво е од исклучителна важност и доаѓа во момент кога силната динамика на контактите и дијалогот е од огромна важност за односите меѓу двете земји.

Двајцата соговорници на средбата истакнаа дека јасната европска перспектива на Република Северна Македонија е од големо значење за Република Бугарија и нејзиното конкретно остварување е во прилог на заедничката иднина на двете земји во ЕУ.

Премиерот Заев на средбата истакна дека градењето на пријателството меѓу братските народи на двете земји е обврска на лидерите кои пред себе треба да ја имаат перспективата на младите.

Слични содржини