227
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по своите контроверзни изјави, го осуди денешното, како што вели, „срамно и одвратно однесување“ на демонстрантите пред бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Џамбаски ги осуди скандирањата „брзо ќе изгори“ и „фашисти“.
-Кон клубот и гостите кои дојдоа да го отворат летаа камења и јајца. Толку од европскиот пат на земјата кој се заснова исклучиво на омраза кон Бугарите. Додека политичарите, јавните личности, медиумите и самата држава промовираат македонизам и омраза кон Бугарија, за Северна Македонија нема место во ЕУ. Ова нека им биде јасно на националните предавници и нихилисти, порача меѓу другото еден од копретседавачите на бугарската ВМРО-БНД на својот Фејсбук профил.