Џамбаски и бугарското ВМРО го спречија Љубчо Георгиевски да одржи предавање во Софија

од Nikola Popovski
297 прегледи

Поддржувачите на бугарската партија ВМРО-БНД и другите граѓански организации не дозволиле да се одржи предавање на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство за кој велат дека е македонски настан, објавија бугарските медиуми.

Предавањето требало да се одржи во Централниот воен клуб, а како говорници биле најавени поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и бугарскиот историча Стефан Дечев, кои се основачи на Клубот за пријателство.

Поддржувачите на ВМРО-БНД, предводени од еден од тројцата копретседавачи Ангел Џамбазки, решиле да присуствуваат на предавањето на тема „Бугарско-македонските односи 2017-2022 година – проблеми, достигнувања, неуспеси и перспективи“. Тие влегле во Централниот воен клуб, и покрај обидите на организаторите кои одбиле да ги примат, иако предавањето било отворено за јавноста.

-Поддржувачите на ВМРО, меѓу кои и многу од најистакнатите личности на организацијата, мирно седеачекајќи да започне предавањето, кое било закажано за 17 часот. Еден од организаторите излезе пред говорницата и најави дека тоа нема да се одржи. По 15-тина минути сите излегоа на влезот каде што имаше размена на реплики меѓу Ангел Џамбазки и Дечев, пишуваат бугарските медиуми.

Во исто време, Дечев рече дека ја постигнале целта бидејќи Љубчо Георгиевски дал пет интервјуа.

-Џамбаски прашал дали Дечев знае дека во РСМ сè уште се прогонуваат македонски државјани со бугарски идентитет и дали смета дека тоа е нормална европска практика, зошто РСМ продолжи да ги крши копенхашките критериуми, на што исто така не доби одговор, стои во објавата на БГНЕС.

Слични содржини