Европратеникот Ангел Џамбаски ја известил Европската комисија, француското претседателство со Советот на ЕУ и европратениците за палењето на Бугарскиот културен центар во Битола.
„Очекувам Стево Пендаровски, Бујар Османи и Димитар Ковачевски да го осудат овој срамен чин доколку воопшто сакаат да продолжат со каков било дијалог“, се вели во објавата на Фејсбук на ко-претседателот на ВМРО.
Културниот клуб „Иван Михаилов“ денеска осамна со изгорени врати. Од центарот изјавија дека очекуваат надлежните институции што поскоро да ги откријат сторителите, а виновниците да сносат целосна одговорност за тоа што се случило.
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска денеска ќе го посети местото на инцидентот. Потпретседателката на нашиот источен сосед, Илијана Јотова го опиша инцидентот како „уште една провокација“.
Претседателот на земјава, Стево Пендаровски и МНР веќе го осудија инцидентот, а МВР работи на расчистување на случајот.