Џамбаски: Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион-македонизмот

од Nikola Popovski
182 прегледи

Бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски продолжува со своите контроверзни изјави во однос на С. Македонија. Последната во низата се однесува на отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Според него, „царот Борис Трети Обединител е симбол на ослободувањето и единството на Бугарите“.

Џамбаски во својот пост на Фејсбук директно се обраќа до македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи.

-Ова господине Османи не е провокација, туку факт. Годините на лаги и пропаганда не можат да ја променат историјата. И таа покажува дека бугарските трупи биле дочекани како ослободители со цвеќе и бугарски песни. Омразениот за сите Македонци Иван Михајлов вели: „Кога се отворија бугарски училишта во Македонија во 1941 година, таму немаше бунт и не се бараа други училишта“. Крајно време е политичарите крај Вардар да сфатат дека нивниот страв од колапс на лагата не ја оправдува омразата и репресијата кон Бугарите. Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион – македонизмот“, напиша Џамбаски.

Слични содржини