Џамбаски: Македонија е втора бугарска држава на Балканот

од Берта Китинска
372 прегледи

Бугарија веќе неколку дена има новоизбран премиер. За жал, една од првите вести во западниот печат ни соопштува дека ставот на Владата за прашањето на Македонија почнува драматично да се менува, коментира бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

– Можеби ова е дел од надворешниот притисок или насловите биле некако изменети. Но, премиерот Петков должи итно објаснување бидејќи бугарскиот став на темата Македонија не може да се смени. Тој почива на основниот факт дека Македонија е Бугарија, втора бугарска држава на Балканот, како што ние од мојата партија постојано изјавуваме .Премиерот Петков должи итно објаснување. Во спротивно, ќе мислиме дека подлегнува на притисокот на антибугарските сили и оти игра според нотите на странски агентури и странски земји кои се обидуваат да ја нарушат бугарската позиција за Македонија. Тоа е неприфатливо и недопустливо., се вели во пораката на Џамбаски до премиерот Петков.

Слични содржини