Бугарскиот европратеник и заменик претседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски ја коментирал резолуцијата изгласана во Европскиот парламент за владеењето на правото и основните права во Бугарија.
„Нашите крајно неразумни колеги, кои се обидоа да се рекламираат со резолуцијата за Бугарија за домашните политички прашања, дозволија таа да стане многу тешка алатка против нашата земја. Исто така, се споменува и обврската на Бугарија да ги признава непостоечките малцинства на нејзината територија, како што е македонското. Ова е нешто против што успеав да се изборам на крај“, рекол тој.
Според него, овој документ е тежок удар врз нивната земја, односно против „бугарските интереси и бугарската државност“.
„Успеавме да докажеме дека го штитиме бугарскиот национален интерес во Македонија“, рече европратеникот за спорот меѓу Софија и Скопје, додавајќи дека македонската влада игра на антибугарска карта и не заслужува да биде членка на ЕУ.