Џамбаски: Нема да дозволиме Европа да ни наметне да ги признаеме истополовите бракови

од Nikola Popovski

Европратеникот од бугарската ВМРО БНД, Ангел Џамбаски изрази незадоволство од усвојувањето на резолуцијата во ЕП во врска со склучувањето бракови на ЛГБТИ лицата.

Според бугарскиот пратеник, Европскиот парламент направил уште еден чекор кон „самоубиствено уништување на традиционалните христијански вредности“.

-Секоја хистерија во корист на правата на лицата во истополови бракови ќе доведе до наметнување на туѓа идеологија, вели Џамбаски и додава дека признавањето на таквите бракови во Бугарија ќе значи лесно распаѓање на традиционалните бугарски вредности.

-ВМРО има многу јасен и цврст став по ова прашање. Не се согласуваме со ова очигледно европско мешање во политичките одлуки на Бугарија и категорично сме против легализација на хомосексуалните бракови во Бугарија”, вели политичарот.

Бугарските европратеници од партиите и коалициите како ГЕРБ, БСП, Демократска Бугарија и ДПС ја поддржаа резолуцијата.

Во резолуцијата на ЕП се дискутира за различни форми на официјално регистрирани односи на ЛГБТИ лица. Браковите и сојузите на претставници на оваа заедница мора да бидат признаени низ цела ЕУ, се вели во соопштението.

Луѓето кои се дел од вакви односи треба да ги имаат истите права како и хетеросексуалните двојки кои се во брак или го регистрирале своето партнерство.

Слични содржини