Џамбаски со нова провокација: Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

од Nikola Popovski
221 прегледи

Бугарскиот европратеник и копретседател на партијата ВМРО-БНД Ангел Џамбаски продолжува со своите контроверзни ставови кон С. Македонија во однос на историјата. Тој денеска го сподели видеото од вчерашното интервју на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи и напиша дека Бугарија нема да прави компромис околу историјата.

-Господине Османи, вистината е дека Самоил е бугарски цар, Гоце Делчев е Бугарин. а, ВМРО отсекогаш се борело за ослободување на Бугарите во Македонија. Две верзии на историјата не можат да се претстават, затоа што е една, наша, заедничка, за која постојат милиони сведоштва и за која зборуваме во Договорот за добрососедство. Сите други толкувања се недозволиви и ја поддржуваат лагата на македонизмот, напиша Џамбаски на социјалните мрежи покрај видеото од Османи.

Македонскиот министер вчера категорично објасни дека не може Бугарија да ни наметне некакво решение или да ни ги земе книгите.

-Тоа се шпекулации. Никој нема да ни ги земе книгите, рече Османи во гостувањето на вестите на Тв Сител.

Слични содржини