Џамбаски за изјавата на Заев: Нашата историја не се менува и не се продава

од Берта Китинска
318 прегледи

„Браво Заев. Станувате сè повеќе политички агилни во вашите изјави за Бугарија. Но, некако ми звучи како купопродажна зделка, во стилот на Тито“, напиша на својот Фејсбук профил бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека ќе се брише зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ во учебниците и дека за возврат и Македонија бара исправки на некои слабости во бугарските учебници.

„ Немало да се променат учебниците по историја, туку само ’бугарскиот фашистички окупатор‘ ќе се раздели со неговиот етнички тон. Генијално, ова ги решава сите проблеми на вашиот образовен систем. Нека останат вашите фалсификати и кражби на историјата. Наместо фашистички окупатори, вашите деца ќе учат за Бугарите дека тие се Монгол-Татари. Фер е, нема збор. Сега Бугарија ќе мора сериозно да ги промени учебниците, бидејќи, како што гледате, во нив забележавте ’одредени слабости‘. И ние знаеме дека историската вистина е најголемата слабост за вас и за вашата клика. Мора да биде кристално јасно дека нема да ја смениме нашата историја за да му биде удобно на еден политички шмекер. Нашата историја не се менува и не се продава затоа што ја зачувува нашата национална чест“, напиша Џамбаски .

Слични содржини