Европратеникот од партијата на Европските конзервативци Ангел Џамбазки е казнет со одземање на шест дневници за нацистичкото салутирање во Европскиот парламент на средината во февруари.
Санкцијата за европратеникот од Партијата на европските конзервативци и реформисти Ангел Џамбазки ја соопшти претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола пред почетокот на пленарната седница. Таа прецизира дека Џамбазки ќе биде казнет со шест дневници по 338 евра кои Европарламентот им ги плаќа на пратениците како надоместоци, кои меѓу другите трошоци го покриваат престојот во хотел или оброците.Џамбазки има право на жалба.
На 16 февруари, пратеникот „ја подигна десната рака во гест што беше сфатен како нацистички поздрав додека ја напушташе салата“, епизода што „го наруши достоинството и угледот“ на Парламентот, посочи Мецола.