Џамбазов сподели емотивна фотографија: „Стариот мој… како да сака да ме гушне…“

од Берта Китинска

Легендарниот композитор и диригент Александар Џамбазов, на 85 годишна возраст го напушти овој свет.Пред неколку дена се одржа комеморацијата во чест на маестро Џамбазов.

Неговиот син Игор Џамбазов сподели емотивна фотографија од настанот, а во описот напиша: „Стариот мој… како да сака да ме гушне…“.

Александар Џамбазов (роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина). Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на голем број стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Потписот на Џамбазов ќе остане запишан на стотици композиции и аранжмани, а во својот творечки опус пријавил над 900 авторски дела.

Слични содржини