По неколку дена затвoрање на градските џамии во Кичево поради заразен имам, утре, односно само кога има петочна молитва, тие ќе бидат отворени. Потоа повторно ќе бидат затворени до наредниот петок.
– Муфтиството во Кичево, по одлуката да се затворат градските џамии пред неколку дена заради заштита на јавното здравје од коронавирусот, денеска донесе одлука утре петочната молитва да биде извршена повторно во градските џамии, строго почитувајќи ги препораките на здравствените органи но и на кризниот штаб на општина Кичево, информира секретарот на кичевското Муфтиства Ќамил Рушити.
Тој истакна дека денеска е извршена цеосна дезинфекцијата на градските џамии која ја направиле надлежните служби во организација на општинскиот кризен штаб во Кичево.
– Отворањето ќе важи само за петочната молитва, потоа повторно ќе се затворат се до наредниот петок. Изразуваме јавна благодарност на Општинскиот кризен штаб за соработката, додаде Рушити.