Џастин Бибер официјално се врати со нов хит во соработка со Ед Ширан. Нивната песна носи
наслов „I Don’t Care“ и моментално нема официјално видео.

Во текот на изминатите 1-2 години, Бибер се повлече од музичкиот бизнис за да го излечи своето
ментално здравје.
Минатата година тој се ожени изненадувачки за моделот Хејли Болдвин и потоа реши да се посвети
целосно на бракот и на неговиот однос со неа.
Сепак, во последниве неколку месеци, Џастин на неколку наврати навести дека размислува да
пушти нова песна, а неговата работа со Ед Ширан изненади многу од неговите фанови.