Џеф Бриџис: Дијагностициран ми е рак на лимфната жлезда

од Nikola Popovski

Американскиот актер и оскаровец Џеф Бриџис открил дека има рак на лимфната жлезда, но дека неговата „прогноза е добра“, објави „Би-Би-Си“.

Потсетувајќи се на познатата улога на „Dude“ од филмот Големиот Лебовски, тој во твит напиша дека започнува терапија против „сериозната болест“.

Лимфомата е форма на рак која ги напаѓа лимфните жлезди – дел од телото што се бори против микробите.

70-годишниот Бриџис е добитник на Оскар за најдобра машка улога во 2010 година за улогата на алкохоличар во филмот „Crazy heart“.

Познат е и по улогите во филмовите „The last picture show“, „The Contender“ и „Starman“, како и по култниот филм „Големиот Лебовски“ од 1998 година, во кој го игра „Dude“, безделничар од Лос Анџелес.

Слични содржини