Пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез купиле луксузна вила на Островот Стар во Мајами, а за имотот издвоиле 40 милиони долари, јавуваат странските медиуми.
Имено, парот купил прекрасна куќа со безграничен базен и винска соба, во која има дури 12 купатила, 10 спални соби и луксузна куќа за гости. Вилата се наоѓа на 86 хектари земја, и се шири на 3.716 метри квадрати и има прекрасен поглед на Мајами.
Внатрешноста на домот е исполнета со скапи лустери и мебел, а винската соба е обложена со дрво, додека прозорците се протегаат од подот до таванот.
Во дневната соба има големо огниште, а Џенифер има посебна просторија што ја претворила во гардеробер и просторија за шминка. Куќата располага и со специјална бања со парен туш, како и огромна када за релаксација.
Покрај огромниот базен, во дворот има џакузи, фонтана, бар со столици, маси и столчиња со поглед на океанот.
Патем, во овој дел живеат и многу холивудски sвезди, така што Џенифер и Алекс ќе имаат многу познати соседи.