Џеј Ло наполни 50 години!

од Vlatko K
230 прегледи

Џенифер Лопез е многу нешта – пејачка, актерка, танчерка, модна икона, дизајнерка … И денес ја
слави својата 50-годишнина! Не, таа нема намера да биде задоволна со нејзините претходни
заслужени титули и продолжува да додава нови кон долгата листа.


Времето лета, но за Џеј Ло се чини дека сопрело, бидејќи на 50-годишна возраст изгледа повеќе од
беспрекорно и секој би се посомневал дека има грешка во бројката.

Џенифер ја пречекува петтата деценија од нејзиниот живот, правејќи го она што таа го сака и
најдобро го знае – да испорача спектакуларни концерти. Во моментот е на турнеја „It’s My Party“.

„Да, ова е навистина твојаа забава, Џенифер“, напиша нејзиниот вереник Алекс Родригез во
Instagram, каде што сподели видео во кое собрал многу специјални моменти со нивното семејство.