Џеј Ло се потсети на Селена: Таа беше мојата инспирација

од Elena Daskalova
393 прегледи

Пред 25 години беше убиена големата латино-ѕвезда Селена, а пред 23 години, Џеј Ло сними филм во кој ја екранизираше својата омилена пејачка.

Познатата пејачка сподели видео на социјалните мрежи во знак на сеќавање на Селена, а Нетфликс најавија и серија посветена на животот на латино-ѕвездата.

„Не можам да верувам дека поминаа 23 години откако излезе филмот и 25 години од нејзината смрт. Таа за мене беше голема инспирација и имав вистинска среќа што имав шанса да ја глумам. На тоа искуство ќе се сеќавам засекогаш“, напиша Џеј Ло.

Селена беше позната латино пејачка во 90тите, а почина откако во неа пукаше нејзината пријателка и менаџерка на нејзиниот бутик, Јоланда Салдивар, која беше осудена на доживотен затвор.

Слични содржини