412
На еден од ретките црвени теписи во последните месеци внимание привлече Џенифер Лопез, која одбра дводелен фустан направен по мерка од луксузната модна куќа Balmain.
Поточно, таа избра сребрено макси здолниште со висок шлиц кој ги откри нејзините нозете.
Таа го поврза со соодветниот кроп топ со долги ракави, нагласени рамена и изразено деколте што дополнително ја истакна нејзината фит фигура.
Тоа е модел кој ги открива сите „критични“ женски точки како што се стомакот и бутовите, па не е изненадувачки што само неколку дами се одлучуваат за него.
Џенифер Лопез го комбинираше фустанот со сандали украсени со светкави апликации со високи потпетици и неколку пристојни парчиња накит.