Раперот Џеј Зи откри дека не знаел да плива сè до раѓањето на неговата ќерка Блу Ајви (9).
Познатиот музичар го откри ова за време на гостувањето во „The Shop: Uninterrupted“, нагласувајќи дека раѓањето на Блу Ајви променило сè.
„Не знаев да пливам сè додека не се роди Блу“, рече тој на прашањето како е да се биде татко.
– Тогаш доаѓа сè што треба да знаете. Ова е метафора за нашата врска. Ако таа некогаш паднеше во вода, а јас не можев да ја фатам, не би можел да се соочам со таа мисла. Морав да научам да пливам. Тоа е тоа. Тоа беше почетокот на нашата врска – рече Џеј Зи.
Да потсетиме, Блу Ајви е најстарото од трите деца што Џеј Зи ги има со Бијонсе.
Нивните близнаци, ќерката Руми и синот Сер, во јуни ќе наполнат 4 години.