Џејмс: Ги мразам навивачите на Бостон затоа што се расисти

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс привлече големо внимание во јавноста со својот коментар за навивачите на Бостон, за кои рече дека ги мрази затоа што се расисти.

Џејмс во една епизода од своето ток-шоу „The Shop“ изјави дека фановите доаѓаат во Бостон со намера да не им дозволат на противниците да победат и дека не бираат средства за да успеат во тоа. Запрашан зошто толку многу го мрази Бостон, Џејмс одговори:

– Затоа што тие се расисти. Ги слушам тие навреди и ако слушнам некој во близина, брзо го гледам и продолжувам со играта. Како и да е, ќе каже што сака, а во одреден момент може да фрли нешто кон вас. Еднаш ми фрлија пиво додека го напуштав теренот – изјави Џејмс кој моментално го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс, франшизата која заедно со Бостон има најмногу трофеи со 17 титули во најсилната кошаркарска лига.

Тој исто така додаде дека навивачите на Бостон имаат посебни дресови со кои го провоцираат.

– Имаат маици на кои пишува „f*ck LBJ“ а верувам дека се распродадени во клупската продавница – изјави Леброн.

Слични содржини