Џејн Фонда боледува од рак

од Nikola Popovski
363 прегледи

Американската актерка Џејн Фонда (84) објави дека боледува од рак.

Оскаровката актерка и активист на својот профил на социјалните мрежи сподели дека има рак и дека веќе е на хемотерапија.

Фонда откри и дека и е дијагностициран не-Хочкинов лимфом и рече дека е среќна бидејќи тоа е рак што се лекува.

Наведувајќи дека периодот на хемотерапија ќе трае шест месеци, Фонда подвлече дека нема да го прекине својот климатски активизам.

Актерката изјавила дека на ракот го гледа како учител и додала дека вниманието го посветува на лекциите што тој ги крие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Fonda (@janefonda)

Во пораката таа зборуваше за здравствената услуга во нејзината земја. Фонда истакна дека има здравствено осигурување и има среќа што има пристап до најдобрите лекари и третмани. Таа додаде дека и е срам што е привилегирана во оваа ситуација.

Таа изјави дека многу семејства во САД се борат со ракот, но не секој може да пристапи до квалитетни здравствени услуги. Во таа насока, Фонда нагласи дека добивала квалитетни здравствени услуги, но дека тоа не е во ред.

Фонда, сопственичка на два Оскари, се издвојува и по својот антивоен и климатски активистички идентитет.

 

Слични содржини