Џејн Фонда откри дека има рак, почнува со хемотерапија

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Американската актерка Џејн Фонда откри дека и е дијагностициран рак и дека е на хемотерапија.

Во објава на својот Инстаграм профил, кој го следат 1,9 милиони луѓе, 84-годишната актерка напиша дека боледува од Нон-Хочкин лимфом.

Фонда објасни дека тоа е „рак излечив и среќна е што е така“.

Холивудската икона ја искористи оваа објава за да привлече внимание на состојбата на американскиот здравствен систем.

Таа изјави и дека ќе продолжи да биде активна во борбата против климатските промени.

Фонда напиша дека „се чувствува среќна што има здравствено осигурување и пристап до најдобрите лекари и методи на лекување“.

„Сега сфаќам, и тоа е многу болно, дека сум привилегирана поради тоа. Речиси секое семејство во Америка мора да се справи со ракот во одреден момент и има многу кои немаат пристап до здравствената заштита што ја имам и тоа не е во ред“.

Нон-Хочкин лимфом е редок вид на рак кој се развива во лимфниот систем – огромна мрежа на крвни садови и жлезди во телото.

Фонда напиша дека ќе оди на хемотерапија во следните шест месеци, „но нема да дозволи тоа да влијае на нејзината активност во борбата против климатските промени“.