329
Во петокот, за време на мирен протест, уапсена била 81-годишната холивудска дива Џејн Фонда. Групата протестирала поради климатските промени.
Уапсени биле актерката и уште еден активист, со лисици на рацете и одведени со полициско возило, пренесе агенцијата „Асошиејтед прес“.
Во текот на истите протести се уапсени вкупно 16 лица, поради нарушување на јавниот ред и мир. По неколку часа Фонда била пуштена на слобода. Пред апсењето, таа одржала говор во кој климатските промени ги нарекла „колективна криза која бара итна колективна акција“.
https://www.instagram.com/p/B3gbtZMgUel/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix